Advertising
Featured Post

KУК*

Не сум добар
Крадам љубов
од клупите во паркот
од очите на осамените девојки.
Слободата ме бакнува на усните
а јас незнам што ќе правам со неа.
Како самоубиец сум
со голем избор на можности.
И ги изгорев крилата на мојата птица
надевајќи се да станам садиста.
Не сум задоволен од моите зборови
од ангелското пеење на речениците
од поезијата на работ.
————————-

Kуk-хаос во темнината на египетската митологија.

Искрено цело време ве читам како дискутирате кој ја убил-убива поезијата. Во ред е сета таа дискусија но јас добив каква таква идеја или инспирација ако можам да ја вметнам во мојот пост-расказ како привремено би се сокрила од можните убијци?! ::))

Читам како наредниот месец во Венција ќе се одржи карневалот на маските и многу би сакал да го видам тоа шаренило.Веќе ги замислувам сите тие таинствени маски осветлени со светлото на фенерите, замислете само: Чоколадна забава на плоштадот на Св. Марко!! Некој би рекол дека тоа е само обична парада од “пијан кич“но јас би сакал тоа еднаш да го доживеам. Ех да сме во некоја “нормална земја“…

Еднаш се најдов во Херцег Нови за време на меѓународниот фестивал.Шаренило,пердуви, бои, бои…Италијаните имаа најубава поворка( не само заради тоа што им добацуваа на девојките,,бела сињорина,,) . Италијаните навистина знаат да уживаат! Размислувам какви маски би ставиле блогерките кога би тргнале на карневалот и каков провод само би бил ::)) Твојата маска би скал да биде слична на оваа…

Tags:

Се`има крај

само хреновките

имаат два краја.

Tags:

Тешко на две

некој на четири

предлог за три

ух…

непристојна средина.

Tags:

Незнам  зошто толку ретко

те поздравувам

можеби зашто на скутови ми спиеш

или новопоетски кажано

во преткомори  комори

на кровот  од моето срце

или си толку блиску скриена

во едно мало море на мојата дланка

и…капка  роса те  нарекувам

а ти на дното толку убаво спиеш

сигурно нешто сонуваш

како брановите животот  жеден

ти го прорекуваат

за да не капне капка солза

таму каде што не треба…

Спомените повеќе ги нема

отидоа  под една ѕвезда да преспијат

сокриена во ноемвриската ноќ

зборовите кој тука кој таму

на твојата долна усна

отидоа утрото да го будат

никако да го разбудат..

Таа има дар понизна да биде а непонижена да трае


Tags:

Уште неколку минути до поедаааа!!

YouTube Preview Image

Напред Македонијоооо!! Уште две минути до победааа !!!

Tags:

Застана на работ на светлината

рацете ги испружи во темнината

открадна грст кристали во виножито ги обои

на дланките ти танцуваа како новородени ѕвезди на небото.

Ми подаде  дланка

Ми подари  бакнеж.

Ми подари  болка.

На усниве мои ѕвездо те вкусив.

Сакаш да отпатуваш во заминувањето

да ми ја оставиш самотијата во празниот поглед.

Да нема ѕвона.

Да нема ехо.

Да снема солзи.

Остави ми сребрена трага на небото

за полесно да го најдам патот во пеколот што се раѓа.

.

Tags:

Наостри го гласот

космосот нека го пресече

Засакај го делфинот конечно

и пронајди го патот од лавиринтот

Прокрстари од страница до станица

и научи да бидеш кралица од еден крал

Признај дека во љубовта си апсолутен почетник

молчи подолго во Верона и научи да танцуваш

Прелистај го каталогот со понудите за седум умирања

Напиши ми на цедулка  цена за распродажбата на светот

И  ќе добиеш девет животи од луѓето мачки.

.

Tags:

Те oпишувам

Натпревар со стварноста

наметнуваш, живот и смисла

приметуваш исправуваш

Твоите песни како истрели

нема место за опширноста

сугерирање, отсуство на интерпукции

мали букви , крик од-пуштете ме

немам време за неважни правила

сакаш збор, сакаш шкртање не шкртост.

Даваш  исказ во песна на милја

(дајте ми ги моите пораки)

Да играме карти-Сер

Во дупките – не се живее-Сер

На стол ве молам!

..

Tags:

Последна во годината што поминува.

***

Е љубов

И југ е со букет ружи

И трње и извори чисти

Како ветер со песок што се храни

Пат поплочен со Мај до тебе душо моја

И пискот на возови

Рани утра на деца што се милуваат

Во жолта светлина  како ангели се капат

Градина со чокоти на старо вино

Пат поплочен со Мај до тебе душо моја

Како птица

на изворот чист

Како птица побрзa од возот

Како ангел опиен од старо вино

Патот мој е поплочен со Мај до тебе љубов  моја.

..

Tags: